Поранешниот светски број 1, Новак Ѓоковиќ имаше одиграно само шест меча досега во 2018, мачејќи се со формата и менувајќи го својот тренерски тим, меѓутоа ако се гледа првото коло на Мастерсот во Монте Карло, тогаш тој е на вистински пат.
Во редок дуел со својот сонародник Душан Лајовиќ, Ѓоковиќ (кој мораше да игра прво коло на еден Мастерс турнир првпат од 2006), го „збриша“ противникот со 6:0/6:1 за само 56 минути за четврта победа оваа сезона и прва од третото коло на Австралија опен.
Ѓоковиќ беше солиден во сите аспекти на играта, спасувајќи ги четирите брејк топки и правејќи пет брејка за лесна победа и дуел во второто коло со Хрватот Борна Чориќ.
Ова беше 309. Мастерс 1000 победа за Ѓоковиќ, но вистинскиот тест следува.
Фото: ЕПА