Од зборовите на Конор Мекгрегор се гледа дека непријателските чувства кон Хабиб Нурмагомедов се намалени по бурната 2018 година, но посочува дека тој мора да се согласи на римеч или да ја загуби УФЦ титулата во лесна категорија.
Од предавањето во четвртата рунда од бурниот меч во Лас Вегас пред повеќе од две години, Мекгрегор постојано тврди дека е подготвен за одмазда, но Нурмагомедов не беше заинтересиран за меч и останува на своето дека е во пензија по победата над Џастин Гетџи минатата година. Пред УФЦ 257 и дуелот со Дастин Поаире во Абу Даби, Ирецот бара одлука.
„Ќе го фатиме! Би кажал дека овој човек продолжува намерно да го избегнува ова, да избегнува да се врати на борбите. Тогаш, титулата треба да му биде одземена. Ќе биде интересно да се чуе неговиот изговор по овој меч, но очекувам одземање на појасот“, вели Мекгрегор.
По општата тепачка по нивната пва пресметка, УФЦ обезбеди двајцата да не се сретнат во Абу Даби оваа недела, но Мекгрегор вели дека нема да има проблеми надвор од кафезот.
„Тоа беше во 2018, сега е 2021. Ќе кажам, дека ако се бориме повторно, нема да има проблем. Тоа е тоа. Ако продолжи да бега, не сум сигурен. Ќе видиме“, објаснува Ирецот.