Помалку од една година откако беше казнет со 50.000 долари за учеството во тепачката по поразот од Хабиб Нурмагомедов, Конор Мекгрегор ја доби таа сума на рака од шефот на УФЦ, Дејна Вајт како дополнителна награда за победата над Доналд Серон минатата недела.
Мекгрегор заработи над 3 милиони долари за бруталната победа на УФЦ 246 за само 40 секунди, а самиот тврдеше дека ќе заработи 80 милиони долари по пресметката на „пеј-пер-вју“ гледањата во САД, така што сумата од 50.000 долари за него е само симболична.
Како и обично, Мекгрегор ја искористи можноста да го промовира сопственото „Пропер Но.12“ виски кое беше на масата на барот пред празникот на Ирското кафе, кој се „паѓа“ во сабота. Покрај Мекгрегор и Вајт на масата е и сопственикот на УФЦ, Лоренцо Фертита.