Top Sport

И Веселин Вујовиќ ја славеше победата на Хрватска (видео)

Веселин Вујовиќ, тренерот на ППД Загреб, иако е по потекло Црногорец, се приклучи на славјето на хрватските навивачи на славната победа над Норвешка во полуфиналето на Европското првенство.

Во видео споделено на Инстаграм страницата на двократниот европски шампион Загреб, Вујовиќ заедно со ракометарите на хрватскиот клуб ја следи драматичната завршница на мечот и останува со рацете во воздух. Ќе биде интересно да се види неговата реакција на резултатот на мечот на Шпанија и на репрезентацијата на чие чело беше до неодамна, Словенија.

Scroll to Top