Top Sport

Конор Мекгрегор се враќа во октагонот

Ирскиот ММА борец Конор Мекгрегор ќе се врати во октагонот по три годишна пауза.

„Озлогласениот“, ќе се бори со Мајкл Чендлер на настанот УФЦ 303 во Лас Вегас на 29 јуни.

Чендлер (37) има скор 23-8 во професионалните мечеви, а последната победа ја забележа во ноември 2022 година.

Последната борба на Конор беше во јуни 2021 година, кога загуби од Дастин Поарие.

Мек Грегор тогаш ја скрши ногата на крајот од првата рунда и беше изнесен од рингот на носилки.

Оттогаш Ирецот се занимава со други работи, приватен бизнис, снимање…

Scroll to Top