Конор Мекгрегор можеби има два важни порази во низа (од Флојд Мејведер Јуниор во боксерскиот ринг и од Хабиб Нурмагомедов во УФЦ октагонот), но тоа не му пречи да заработува милиони и во исто време да го предизвика Мејведер за првото место на листата на најбогати спортисти според магазинот „Форбс“.
Мејведер на 31 декември во егзибициски меч во Токио го победи јапонскиот кик-боксер Теншин Насукава и за помалку од две минути во рингот заработи 9 милиони долари, нешто за што јасно се пофали на Инстаграм.
Мекгрегор не е импресиониран.
„Тие девет милиони нема да те задржат долго на мојата листа, дете“, напиша Мејведер посочувајќи ја „Форбс“ листата на најбогати спортисти.
Туризам во Јапонија! Мејведер за две минути го нокаутираше Насукава (видео)