Top Sport

Лакрабер ги крена Французинките на европскиот трон! (видео)

Франција е нов европски шампион во ракомет, откако во финалето во Париз со 24:21 (13:12) ја совладаа Русија, одмаздувајќи се за поразот во натпреварите по групи. Бронзата претходно отиде кај Холандија по победата над Романија.

По тесното прво полувреме, во кое Франција имаше само гол предност (13:12), домашните ракометарки имаа одлична средина на второто полувреме, одржувајќи предност од два- три гола, која на крајот тимот на Евгениј Трефилов не успеа да ја стигне.

Лидер на Французинките во финалето беше искусната поранешна вардарка, Александра Лакрабер со шест постигнати гола, додека Естел Нзе Минко постигна четири. За Русинките не помогнаа ниту седумте голови на Ана Вјахирева.

Фото: ЕПА

ЕВРОПСКИ ШАМПИОНИ 1994-2018

1994 Данска

1996 Данска

1998 Норвешка

2000 Унгарија

2002 Норвешка

2004 Норвешка

2008 Норвешка

2010 Норвешка

2012 Црна Гора

2014 Норвешка

2016 Норвешка

2018 Франција

Scroll to Top