Конор Мекгрегор уште еднаш покажа дека е еден од најпопуларните УФЦ фајтери пред комплетирањето на трилогијата со Дастин Поаире, откако доби неверојатен прием од навивачите при пристигнувањето во Калифорнија.
Мекгрегор ќе се обиде да се одмазди за тешкиот пораз од Поаире во јануари, на УФЦ 264 следната сабота, во меч кој може да ги промовира во фаворити за УФЦ појасот во лесна категорија, кој сега е кај Бразилецот Чарлс Оливеира.
Во саботата навечер, Мекгрегор се појави пред еден ресторан во Њупорт Бич, Калифорнија, каде што беше пречекан од стотина фанови, пред да им покаже малку боксерски потези, па да замине во луксузен автомобил.
The United States Of America ??
What a country ❤️ pic.twitter.com/iQNqie9GOr— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) July 4, 2021
Absolute scenes. @TheNotoriousMMA just sent this crowd into a frenzy. pic.twitter.com/T3wG7UlYMe
— Scott Fenton (@ScottFenton01) July 4, 2021