Top Sport

Конор уапсен во Даблин, привремено му е конфискувано Бентлито!

УФЦ мегаѕвездата Конор Мекгрегор очигледно не може да престане сам да си прави непотребни проблеми, откако во Даблин бил уапсен поради опасно возење, а неговото Бентли од 170.000 евра му е привремено запленето.

33-годишниот Ирец бил сопрен во западен Даблин вчера навечер со своето Бентли Континентал ГТ, по што ирската гарда (полиција) го уапсила поради опасно возење, и бил однесен во полициската станица во Лукан, од каде што подоцна бил пуштен на слобода со кауција.

Казната за „опасно возење“ според ирските закони е до 5.000 евра, а постои и опција за затворска казна до шест месеци. Тој веќе во 2017 година се појави пред истиот суд, каде што му беше изречена казна од 400 евра за пребрзо возење. Во 2019 година, пак, тој доби казна од 1.000 евра откако се изјасни како виновен за напад по удирањето на еден старец во неговиот паб поради тоа што тој не сакал да го проба неговото виски.

На тоа судење се откри дека тој има 18 претходни пресуди, од кои 16 за сообраќајни прекршоци, но и еден за напад и еден за нарушување на јавниот мир.

Scroll to Top