Top Sport

Конрад ја освои 16.етапа на Тур Д’Франс

Австралиецот Патрик Конрад ја освои 16.етапа на Тур Д’Франс, која во должина од 169 километри се возеше од Пас де ла Касе до Сен Годен.

До првата етапна победа, на некоја од големите трики, Конрад дојде со време од четири часа, една минута и 59 секунди.

Второто место, со 42 секунди послабо време го освои Сони Колбери од Италија, трет беше сонародникот на победникот, Мајкл Метјус.

Победата на Конрад е прва за велосипедист од Австралија од 2005 година, кога една етапа освои Георг Точинг.

Бранителот на титулата, Тадеј Погачар, ја задржа предноста од пет минути и 18 секунди во однос на Колумбиецот Ригоберто Уран.

До крајот на трката останаа уште пет етапи, 17. се вози утре од Мире до Сен-Лари-Сулан.

Scroll to Top