Организациониот комитет на Олимписките игри во Токио, соопшти дека меѓу спортистите кои се сместени во Олимпиското село, детектирано е присуство на коронавирусот.
Во извештајот на агенцијата Кјодо, се наведува дека 10 учесници на ОИ се позитивни на ковид-19. Сите позитивни се спортисти од странство, а двајца веќе биле сместени во Олимпиското село.
Не е соопштено од кои држави се спортистите.