Top Sport

Корона вирусот заразил 20-тина члена на семејството на Нурмагомедов

УФЦ шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов открива дека над 20 негови роднини се заразиле со корона вирусот и потврди дека неговиот татко и ментор, Абдулманап останува во „сериозна состојба“ во болницата во Москва откако помина одредено време во кома.

Абдулманап беше однесен итно со авион во Москва откако доби срцев удар по компликациите со корона вирусот и Хабиб вели дека болеста го „уништила“ неговото семејство.

„Вирусот имаше сериозно влијание на неговото срце, бидејќи пред една година имаше операција на срцето. Се наоѓа во многу тешка ситуација, многу тешка. Го молиме Алах да ни го врати. Во мојот личен случај, повеќе од 20 членови на моето семејство беа болни. Повеќе од 20 луѓе беа во интензивна нега, а дел од нив несе меѓу нас. Вирусот влијаеше на сите. Вирусот не те прашува за презеиме или име, дали работиш, дали си богат или сиромашен“, вели Нурмагомедов.

 

View this post on Instagram

 

?

A post shared by Khabib Nurmagomedov (@khabib_nurmagomedov) on

Scroll to Top