Top Sport

Неверојатна трка и златен медал за Влхова во слалом

Петра Влхова од Словачка е олимписка шампионка во слалом. Влхова со брилијантна втора трка, успеа да дојде до најсјаното одличје. Првата трка ја заврши на осмото место.

Влхова, по првата трка заостануваше зад водечката за 72 стотинки. Во втората трка „леташе“ по патеката, со вкупно време 1:44.98 минути.

Второто место, со само осум стотинки послаб резултат од Влхова го освои Катарина Линсбергер од Австрија. Со бронзата се закити Венди Холендер од Швајцарија.

Водечката по првата трка, Лена Дир, на крајот го освои четвртото место, со 19 стотинки послаб резултат од Влхова.

Големата фаворитка, Михаела Шифрин, не ја заврши трката. Како и во велеслалом, Шифрин ја заврши трката на самиот почеток.

 

Scroll to Top