Top Sport

Крафорд со брутален нокаут влезе во историјата на боксот

Американецот Теренс Крафорд го нокаутира сонародникот Ерол Спенс во Лас Вегас и стана првиот што ги обедини сите титули во велтер категорија.

Преговорите траеја повеќе од половина деценија, двајца фантастични боксери бркаа титули и победи, за утрово Крафорд да докаже дека е најкомплетниот боксер на денешницата, бидејќи во деветтата рунда го нокаутира Ерол Спенс Јуниор и со тоа стана прв во историјата што ги обедини сите четири титули во велтер категорија.

Спенс (31) во борбата влезе како светски шампион во верзиите ВБЦ, ИБФ и ВБА, а две години повозрасниот Крафорд го имаше ВБО појасот.

Три пати во текот на борбата Крафорд го собори Спенс, кој успеа да стане и да продолжи. Спенс беше паднат во втората и двапати во седмата рунда.

Во деветтата рунда, Крафорд со технички нокаут ја оствари својата 40. победа во кариерата, од кои дури 32 со нокаут.

Scroll to Top