Штефан Крафт победи на последната станица на турнејата Четири скокалници, а Рјоју Кобајаши трет пат во кариерата победи во вкупниот пласман и го освои Златниот орел.
Рјоју Кобајаши, не победи ниту еднаш, четири пати беше втор, што му беше доволно за вкупна победа. Јапонецот стана вториот во историјата, кој успеал да победи на Новогодишната турнеја без победа. Пред 25 години тоа му успеа на легендарниот Финец, Јане Ахонен.
Кобајаши на скокалницата во Бишосхофен го освои второто место со сковите од 137 и 139 метри, кои му донесоа 287,6 поени.
Бишосхофен го освои Штефан Крафт со сковите од 136,5 и 140 метри. Вкупно освои 288,9 поени. Со денешната победа Крафт дојде до третото место во вкупниот пласман.
Третото место на последниот натпревар на Новогодишната турнеја го освои Словенецот
Анже Ланишек со сковите од 134,5 и 141 метри.
Во вкупниот пласман меѓу Кобајаши и Крафт го освои Германецот Андреас Велингер.