Австриецот Штефан Крафт ја оствари својата 17. победа од Светскиот куп во ски скокови и прва оваа сезона, триумфирајќи во рускиот Нижниј Тагил пред Швајцарецот Килијан Пајер и актуелниот шампион од СК, Јапонецот Рјоју Кобајаши.
Крафт имаше скокови од 140 и 134.5 метри за да освои 277.6 поени за победа пред Пајер (254.8 поени со скокови од 138 и 137 метри и Кобајаши (252.3 поени за 133.5 и 113 метри). Поранешниот шампион Грегор Шлиренцауер, кој вчера беше четврти не успеа да се квалификува за втората рунда во неговото 300. натпреварување од Светскиот куп.
Норвежанецот Даниел Андре Танде останува лидер во генерален пласман со 260 поени, пред Крафт со 196 и Германецот Карл Гајгер со 192 поени.