Филип Крајиновиќ ја доби српско-хрватската битка на Квинс клаб турнирот во Лондон, победувајќи го двократниот шампион на турнирот, Марин Чилиќ со 6:3/6:3 за финале на подготвителниот турнир за Вимблдон.
Чилиќ, кој победи на Квинс клаб во 2012 и 2018 година, а има и финале на Вимблдон, беше фаворит во дуелот со 48-рангираниот Крајиновиќ, меѓутоа загуби два брејка во првиот сет за да биде во негатива. Во вториот сет, тој успеа да спаси две меч-топки, но на крајот загуби по час и 21 минути игра.
Крајиновиќ во своето прво финале на тревната подлога ќе игра со шампионот, Италијанецот Матео Беретини, кој лесно со 6:3/6:4 победи Холанѓанецот Ботик ван де Цандшлуп во меч кој беше прекинуван повеќе пати поради дождот во Лондон.
26-годишниот Беретини, кој победи и во Штутгарт минатата недела, се мачеше да ги искористи своите брејк топки (3-од-15), но сепак беше пресилен за противникот и покажа дека е во одлична форма пред стартот на Вимблдон.
Во финалето на ВТА турнирот во Берлин пак, ќе играат олимписката шампионка, Швајцарката Белинда Бенчич и првата носителка, Тунижанката Онс Жабер. Бенчич, на температура од 33 степени, во тежок меч со 6:7(6)/6:4/6:4 ја победи Гркинката Марија Сакари, по што Жабер со 7:6(4)/6:2 беше подобра од финалистката од Ролан Гарос, американската тинејџерка Коко Гоф.