Кристофер Фрум, велосипедистот на Скај, стана првиот Британец што победил на Џиро д’Италија. Фрум со овој триумф дојде до триплета, тој е победникот на последните три најзначајни трки во светот на велосипедизмот (Тур д’Франс, Ла Вуелта и Џиро д’Италија).
Четирикратниот шампион на трката околу Франција, победи во генералниот пласман со 46 секунди подобро време од минатогодишниот шампион Том Думулан од тимот Санвеб. На третото место во генералниот пласман се пласираше Мигел Ангел Лопес возач на Астана.
Тимот Скај чии член е Фрум е најдобар на Трката околу Италија. Фрум собра најмногу поени на ридските етапи, најмногу поени собра Елија Вивијано, додека најдобра млад возач е Лопес.