Иако беше само седми по првото возење, норвешкиот специјалист за технички трки, Хенрик Кристоферсен стигна до својата прва победа во новата сезона од Светскиот куп, триумфирајќи на велеслаломот во италијанскиот ски-центар Алта Бадија.
Кристоферсен беше одличен во второто возење за да постави комбинирано време од 2:25.04 за негова прва победа од јануари, за 0.31 секунди пред Швајцарецот Марко Одермат и 0.37 секунди пред Австриецот Марко Одермат.
Лидер по првото возење беше Французинот Матју Фавр, но направи голема грешка при второто и заврши на 16. место.