Иако самиот ја заврши кариерата поради здравствените проблеми, хрватската легенда на ММА борбите, Мирко Филиповиќ Кро Кап не планира да седи дома пред телевизор и веќе работи на подготовка на други фајтери заедно со својот партнер Стипе Дрвиш.
Прв со кој работат, секако е Јапонецот Сатоши Иши, долгогодишниот ривал и пријател на Кро Кап, а од поголемите имиња тука е и српскиот борец Дарко Стошиќ, кого наскоро го очекува дуел на УФЦ фајт најт во Стокхолм со Американецот Девин Кларк.
Стошиќ се пофали со една напорна тренинг сесија на Инстаграм.