Легендарниот фајтер Мирко Филиповиќ Кро Кап заминува во пензија, потврди Хрватот во директно вклучување на во дневникот на хрватската „Нова ТВ“.
Кога беше запрашан што понатаму по мечот со Рој Нелсон, Кро Кап шокираше со откритието дека преживеал мозочен удар.
„Ова е крај. Би можел да се расплачам, но тоа е тоа. Мир? Конго? Фјодор? Ништо од тоа, никогаш нема се случи. Имам проблеми со вратот, ме фаќа вртоглавица кога ќе се свртам. Бев на магнетна резонанса, сè беше во ред, и мислев дека така треба да биде. Потоа го свртев вратот десет пати и паднав во несвест. Сите во болницата го знаат тоа, имав мозочен удар!“, објасни Филиповиќ.
44-годишниот ветеран вели дека борбите мора да ги остави во минатото, бидејќи секој нареден удар може да биде смртоносен.
„Нема врска со борбата, вратот ми е преоптоварен со 30 години тренинг. Едно нагло движење и борба за живот. Не смеам да добијам ниту поблаг удар, три месеци не смеам ниту да тренирам. Со нов мозочен удар ќе умрам. Во подобра верзија. Можам да останам парализиран и да не бидам свесен. Ќе бидам дисциплиниран, нема ниту спаринг. Мислеа дека се шегувам, но кога сфатија ме однесоа во болница. Нема веќе борби, дури пет лекари ми го кажаа тоа. Можам да се коцкам со коленото или со нешто друго, но не со мозокот“, вели Филиповиќ.