Top Sport

Крвав спорт – бизарен момент на УФЦ мечот помеѓу Рокхолд и Коста

Ветеранот Лук Рокхолд имаше неуспешен камбек во УФЦ кафезот, откако загуби на поени од Пауло Коста на УФЦ 278 во саботата навечер, но УФЦ фановите најмногу беа зачудени од бизарниот „крвав ритуал“ на 37-годишниот Американец кој во третата рунда реши да ја размачка својата крв по лицето на својот противник.

Снимките јасно покажуваат како Рокхолд ја размачкува својата крв по лицето на Бразилецот, момент кој коментаторот Џо Роган го опиша како „извртен“, но посочи дека тоа се очекува од фајтер како Рокхолд.

Scroll to Top