Првпат во историјата на најпознатата трка со санки со кучиња, дел од кучињата имаа позитивни тестови на недозволени средства.
Официјалните лица на Идитарод трката на Алјаска во должина од 1.500 километри, потврдија дека по крајот на трката во март, кучињата биле позитивни на средството за смирување „Трамадол“. Тие, сепак, не го објавија името на натпреварувачот, бидејќи не може да се докаже дека средството е намерно земано за подобрување на перформансите на кучињата.
Идитарод е најпознатата трка со кучиња со санки на светот, започната во 1973 година како натпревар меѓу најдобрите дресери на кучиња. Тимот се состои од „терач“ на кучињата и 16 животни, од кои 5 мораат да бидат на целта. Трката обично трае 8 или 9 дена, во зависност од временските услови на Алјаска. Допинг-тестирањето на трката започна во 1994 година.