Top Sport

Куртони со победа во Кортина, страшен пад на Гоџа

Италијанките продолжија со победите на „Олимпија дела Тофане“ патеката во Кортина Д’Ампецо, откако по вчерапната победа на Софија Гоџа во спустот, Елена Куртони денеска победи во супер-џи трката, додека Гоџа имаше страшен пад.

Куртони до својата 12. победа во кариерата дојде со време од 1:20.98, за 0.09 секунди пред Австријката Тамара Типлер, додека подиумот го комплетираше Швајцарката Миошел Гисин со 0.24 секунди послабо време. Уште една Италијанка, Федерика Брињоне беше четврта и и избега подиумот за 8 стотинки.

Гоџа, доминантната скијачка во брзинските трки оваа сеозна, имаше опасно паѓање, во кое доби мала повреда на левото колено.

Во генерален пласман во дисциплината има целосна доминација на Италијанките – Брињоне сега е лидер со 377 поени, пред Куртони со 348 и Гоџа со 332. Во генерален пласман во Светскиот куп, Микаела Шифрин со 16. место го зголеми водството во генерален пласман – сега има 981 поен пред Петра Влхова со 929 и Гоџа со 769 поени.

Scroll to Top