Top Sport

Квитова и Мугуруза во финалето во Доха

Петра Квитова по третпат во последните четири години ќе игра во финалето на Катар опен во Доха, откако со 6:4/6:4 ја совлада четврт-финалистката од Австралија опен, Американката Џесика Пегјула, и сега ќе се бори за титулата против поранешната гренд слем шампионка, Шпанката Гарбиње Мугуруза, која влезе во финалето откако Викторија Азаренка се повлече поради повреда на грбот.

Квитова ја совлада Мугурза во финалето во 2018 во Доха, а минатата година загуби во финалето од Белорусинката Арина Сабаленка.

„И јас би сакала да знам зошто играм добро во Доха. Би сакал да играм така на сите турнири, но не е лесно“, вели Квитова, која ќе оди на својата 28. титула во кариерата, но прва по таа од Штутгарт во 2019 година.

Scroll to Top