Сензационалната победничка на трката во супервелеслалом на Зимските олимписките игри во Пјонгчанг, Естер Ледецки, рекла дека бла подготвена повеќе да ризикува од станатите натпреварувачки поради што го забележала најголемиот успех во кариерата.
Ледецка, чија најсилна дисциплина е сноуборд, дисциплина во која има и светска титула, до најсјаното одличје во супервелеслалом стигна со време 1:21.11 стотинки. Таа за само една стотинка ја победи Австријката Ана Фејт која во Пјонгчанг ја бранеше титулата освоена пред четири години во Сочи.
Чешката репрезентативка во целта со неверување гледаше во семафорот.
„Навистина не знаев што се случува. Мислев дека се работи за грешка и дека резултатот ќе биде сменет. Гледав во мојата мајка и ништо не ми беше јасно. Веројатно бев единствената сноубордерка на патеката. Останатите девојки не беа подготвени толку многу да ризикуваат, сигурно биле под страшен пристисок. Јас само се обидував да бидам што е можно подобра“, рекла22-годишната Ледецка.
„Секако дека сум изненадена. Не верувам дека вакво нешто може да се случи. Секогаш се обидувам да бидам што е можно подбра, но ова…“
Инаку Ледецка во моментоц се наоѓа на 43. место во Светскиот куп во поредокот за супервелеслалом, а во кариерата во оваа дисциплина никогаш немала подобар пласман од 19. место.
Најдобар резултат во алпско скијање и е седмото место.