Естер Ледецка победи во првата трка во спуст по Зимските олимписки игри во Пекинг. Ледецка славеше во Кран Монтана.
Во целта, репрезентативката на Чешка имаше време од 1:30.17 минути. Второто место, со 21 стотинка послаб резултат од Ледецка, го освои Рагхилд Мовинлек од Норвешка.
Пласман на третото место избори Корнелија Хојтер со време 1:30.59 минути.
Олимписката шампионка од Пекинг, Корин Сутер трката ја заврши на 10.позиција.