Top Sport

Легендарниот Нориаки Касаи на 50 години им се враќа на ски-скоковите

Следниот месец започнува новата сезона во скијачки скокови, а се чини дека на пат е големо изненадување и враќање на еден од најлегендарните ски скокачи во историјата. Нориаки Касаи е во центарот на вниманието откако откри дека планира да се врати на големата сцена, иако неодамна го прослави својот 50-ти роденден.

Јапонецот е заштитен знак на овој спорт и човек кој 30 години се натпреварува, што на никој досега не му успеало.

Тој официјално се пензионираше пред две години кога наполни 48 години, но сега призна дека навистина му недостасува спортот и дека ќе се обиде да се врати на најголемата сцена по кратка пауза.

Исто така, цело лето се подготвуваше за новата сезона и учествуваше на некои натпревари во Јапонија каде ги воодушеви сите со своите неверојатни изданија.

Иако веќе е во шестата деценија од животот, Нориаки Касаи покажа дека е во неверојатна форма, а на едно натпреварување успеа да изведе неверојатен скок кој беше најдолг тој ден, но поради малку полошо слетување остана без неколку бодови и заврши на третото место.

Scroll to Top