Ленс Армстронг, посрамотениот поранешен освојувач на седум Тур де Франс титули, смета дека професионалните велосипедисти мораат да се обединат за време на кризата со корона вирусот и да добијат повеќе пари и повеќе моќ од своите тимови.
Велосипедските натпреварувања низ Европа се откажани или одложени, а бројните тимови ги отпуштија или ги постаивија на социјалните програми своите вработени и велосипедисти.
Армстронг, кому му беа одземени сите трофеи по признанието дека користел допинг-средства во текот на блескавата кариера, вели дека ова е уникатна шанса велосипедистите да се борат за своите права.
„Сите професионални велосипедисти сега се дома и не се сигурни дали ќе добијат плата следниот месец или дали нивниот тим ќе ја прежиее кризата, но ова е нивната голема шанса. Шанса да се почне од почеток, да се добие место за преговори и да се врати моќта. Ако не ја искористите сега шансата, нема да добиете друга. Обединетете се бидејќи без вас не можат да имаат спорт“, вели Армстронг.