Top Sport

ММА: Колено во фаца и за 10 секунди сè е готово! (видео)

Дагестанецот Мовлид Хајбулаев постави рекорд во Професионалната фајтинг лига (ПФЛ), една од најстарите ММА федерации, откако за само 10 секунди со „летечко колено“ го сотре американскиот противник Дејмон Џексон.

Хајбулаев, кој има 13-0 ММА скор, но дебитираше во ПФЛ, ја држеше дистанцата во првите секунди од мечот, но најде совршен момент со колено да ја погоди брадата на противникот, кој веднаш се најде на душекот.

28-годишниот фајтер во перо категорија, исто така не сакаше да претерува и кога го забележа судијата дека оди да го провери неговиот противник, реши да не упатува повеќе удари. Сепак, фановите на ПФЛ, ММА серијата во која има лигашки систем, дознаа зошто тој има прекар „Килер“ (убиец).

Scroll to Top