Ленс Армстронг, човекот кому му беа одземени седум титули од Тур де Франс, признава дека допингот можеби е главната причина за ракот на тестисите, а додава дека користел недозволени средства од својата 21. година.
Велосипедската суперѕвезда беше конечно „фатен“ со допинг дури 19 години подоцна, по што ги загуби сите трофеи, за во 2013 да признае дека користел недозволени средства.
Сега, во нов документарец на „ЕСПН“ со име „Ленс“, 48-годишниот Тексашанец открива детали за своето допингување. Тој открива дека најверојатно земал допинг од својата 21 година, а наполни 22 години кога ја освои првата голема победа во кариерата, Светското улично првенство.
„Има многу начини да се дефинира допингот. Најлесниот начин е да се каже дека се работи за ’прекршување на правилата’. Добивавме инјекции со витамини и други работи и кога бевме помлади, но тогаш не беа нелегални иако знаевме што има во нив. Јас бев добро едуциран за тоа што добивав и го избрав тоа“, одговара Армстронг.
Тој исто така беше запрашан дали неговиот рак на тестисите бил резултат на допингувањето.
„Знаете, го немам тој одговор. Не сакам да кажам не, бидејќи мислам дека ниту тоа не е исправно. Сепак, само еднаш во мојата кариера земав човечки хормон на раст во 1996 година и тоа ме замисли“, додава Армстронг.