Top Sport

Лео Борг по стапките на славниот татко

15-годишниот син на Бјорн Борг, Лео се подготвува да стане професионален тенисер, вели неговиот татко. Тинејџерот во четвртокот настапуваше во квалификациите за Стокхолм опен и загуби со 6:4/6:3 од Густав Стрем.

Лео Борг, кој веќе има потпишано спонзорски договор со „Фила“, ги импресионирал присутните со својата посветеност, вклучувајќи ги и неговите родители, Бјорн и Патриција Борг.

„Мислам дека тој има иднина. Пораз е пораз, но треба да продолжи да работи. Важно е да работи напорно, да има дисциплина и големо срце. Дали бев нервозен? Не како што очекував, бидејќи знам колку го сака тенисот. Не е лошо да привлече малку вминание поради презимето, и сега е време да оди надвор од Европа и да игра повеќе“, вели Борг.

Тој потврди дека Лео Борг најверојатно ќе го напушти училиштето за да се фокусира на тенисот.

„Го прашав дали сака да престане, но тој мислам дека е тврдоглав за такво нешто. Секогаш може да прочита некоја книга, но ако сак да стане тенисер, сега мора да го даде максимумот. Ќе видиме што ќе се случи. Има агресивен стил како мене, но и модерниот тенис е таков“, додава Борг.

Scroll to Top