Top Sport

Летонија размислува за бојкот на ЛОИ 2024, доколку учествуваат руски и белоруски спортисти

Летонија ќе размисли за бојкот на Олимписките Игри следната година во Париз, доколку им се дозволи на спортистите од Русија и од Белорусија да учествуваат по руската воена операција на украинска територија.

Многу влади во Европа ги осудија напорите на ИОК да им дозволи на руските и белоруските спортисти да се натпреваруваат, а Украина се закани дека ќе ги бојкотира Игрите.

„Да се ​​одржат Олимписките Игри сега и да им се дозволи на руските и на белоруските спортисти да учествуваат на Олимписките Игри, латвискиот тим немаше да оди на ова натпреварување“, изјави претседателот на Летонскиот Олимписки Комитет, Жорж Тикмерс.

Тикмерс освои сребрен медал во веслање за Советскиот сојуз на Олимписките Игри во Москва во 1980 година, кои многу земји ги бојкотираа во знак на протест откако советските трупи го нападнаа Авганистан.

Scroll to Top