Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа елиминација на стартот на Фјучерс-турнирот во Истанбул.
Во првото коло македонската тенисерка загуби од Ирина Бара од Романија со 1:2 во сетови (6:3, 2:6, 5:7).
Ѓорческа го доби првиот сет, но потоа драстично падна во вториот сер и го загуби со 2:6 во гемови.
Во третиот сет се водеше голема борба, Ѓорческа имаше водство од 5:3 во гемови, не искористи и меч-топки, а на крајот славеше Романката Бара со 7:5 во гемови.