Top Sport

Лина Ѓорческа ќе игра финале во двојки на турнирот во Сплит

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, ќе игра во финалето во двојки на ИТФ фјучерсот турнирот во Сплит кој се игра за награден фонд од 40.000 долари.

Ѓорческа игра во во двојка со Вероника Ерјавец од Словенија, а во полуфиналето во три сета беа подобри од чешката двојка, Сара Бејлек и Луси Хавличкова. Тие славеа со 2:1 во сетови (5:7, 6:4, 10:6).

Во финалето Ѓорческа и Ерјавец ќе се соочат со победничката двојка од дуелот меѓу пресметка меѓу Гаврила/Семенистаја и Радишиќ/Вурт.

Scroll to Top