Top Sport

Лина Ѓорческа се пласира во полуфиналето на турнирот во Хераклеон

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласира во полуфиналето на турнирот во Хераклеон, Грција. Таа во четврт-финалето имаше дуел со Софија Рокети од Италија, која ја совлада со 2:0 во сетови (6:1, 6:4).

Македонката лесно го освои првиот сет, а во вториот сепак го комплетираше мечот иако мораше да вложи малку повеќе енергија.

Нашата најдобра тенисерка пред една седмица го освои трофејот на првиот турнир во Хераклеон.

Scroll to Top