Top Sport

Лина Ѓорческа се пласира во полуфиналето на турнирот во Талин

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласира во полуфиналето на фјучерс турнирот во Талин, Естонија. Таа во три сета беше подобра од Дебора Киеза од Италија. Ѓорческа славеше со 2:1 во сетови (6:3, 4:6, 6:4).

Лина успеа да го добие првиот сет откако на противничката и препушти три гема, но Италијанката Киеза се врати во вториот и го комплетираше со 6:4.

Сепак, македонската тенисерка не дозволи пад во играта, го освои третиот сет со 6:4 и стигна до победа.

Ѓорческа во полуфиналето за противничка ќе ја има Турчинката Зејнеп Сомнеж.

Scroll to Top