Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа забележа значаен напредок на најновото издание на ВТА листата. Таа на денешното рангирање се најде на 239. место и го подобри пласманот за цели 27 позии. Во својата кариера Ѓорческа само двапати имала подобар ранкинг, а најдобриот е 170. место во јуни 2017 година.
Ѓорческа имаше одлична седмица зад себе и стигна до финалето на турнирот од ИТФ серијата во Оломуц, Чешка. Во финалето беше поразена од домашната тенисерка Сара Бејлек.