Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа игра одлично на ИТФ турнирот во чешкиот град Оломук. Таа се пласираше во полуфиналето откако ја совлада американската тенисерка Ема Наваро со 2:0 во сетови.
Ѓорческа го доби првиот сет со 6:4, а потоа комплетно го скрши отпорот на ривалката и вториот го освои уште поубедливо, со 6:2 во гемови.
Во утрешното полуфинале Ѓорческа за противничка ќе ја има Дарија Астакова од Русија.