Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласира во финалето на фјучерс турнирот во Осијек, Хрватска.
Ѓорческа во два сета успеа да слави над Романката Далина Амариеи.
Македонската тенисерка го доби првиот сет со 7:5 во гемови, а вториот го комплетираше со 6:4.
Ѓорческа во финалето ќе игра со победничката од дуелот меѓу Лукас од Хрватска и Тодони од Романија.