Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со победа го стартуваше турнирот во Виена, Австрија. Таа во првото коло беше поуспешна од домашната претставничка, Алина Михалич.
Ѓорческа победи со 2:0 во сетови.
Првиот сет го доби лесно, со 6:2 во гемови, а продолжи во ист ритам и понатаму. Во вториот сет исто така и дозволи два гема на противничката.