Top Sport

Линдзи Вон раскина со хокеарот Сабан, виновна е „маскотата“ на Флаерс?

Фановите на Филаделфија флаерс посочија дека нивната маскота Грити е „виновна“ за прекинот на врската меѓу двете американски спортски ѕведи, поранешната скијачка дива Линдзи Вон и хокеарот на Њу Џерси девилс, Пи Кеј Сабан.

Во необична заедничка изјава на социјалните мрежи, Вон и Сабан изјавија дека „решиле да одат по патот посебно“, но дека уште се „сакаат многу“.

„Тој е добар човек и некого кого ќе почитувам цел живот“, напиша двократната светска шампионка Вон, додека Сабан додаде: „Линдзи е најгрижливата личност која ја познавам и секогаш ќе се сеќавам на нашето време заедно“.

Фановите на ривалите на Девилс, Филаделфија флаерс, пак, сметаат дека виновна е токму нивната маскота, Грити, која на ланскиот меч меѓу двата тима стоеше со знак: „Линдзи може да најде многу подобар“.

Scroll to Top