Top Sport

Младиот Муте „изддржа“ еден сет против Ѓоковиќ

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Мастерсот во Париз, откако младиот Французин, Корентин Муте му направи проблеми во првиот сет, но на крајот искуството го направи своето и Србинот запиша 7:6(2)/6:4.

Во првиот сет, Ѓоковиќ загуби брејк за Муте да поведе со 5:3 и да има две сет-топки, пред Србинот да врати брејк и да стигне до тај-брејк, во кој загуби само два поени за да поведе со 1:0. Во вториот сет, Ѓоковиќ направи два брејка и го „скрши“ отпорот на Муте за рутинска победа.

Следен за Србинот ќе биде подобар од дуелот помеѓу Британецот Кајл Едмунд и Аргентинецот Диего Шварцман.

Scroll to Top