Ислам Махачев пред големата пресметка со Александер Волкановски на УФЦ 284 во сабота е сигурен дека е го „реши“ Австралиецот со македонско потекло бргу и дека ќе покаже дека е најдобриот УФЦ фајтер без разлика на категоријата.
31-годишниот Русин во интервју за „Дејли мејл“ вели дека е подготвен да отиде во „дворот“ на својот ривал во Перт и не само да стигне до победа, туку да го направи тоа на убедлив начин.
„Мислам дека имав само 10 дена пауза по мечот со Чарлс Оливеира пред да почнам да се подготвувам за ова. Мојата главна цел е да бидам број 1 без разлика на категоријата и да го победам овој човек. Сонот е да го нокаутирам. Пристигнавме во Австралија рано, пристигнувајќи од студената Русија на 35 степени“, вели УФЦ шампионот во лесна категорија.
Махачев повеќе години беше познат како штитеник на Хабиб Нурмагомедов, но сега нема да го има својот пријател во аголот, отако Хабиб реши да се повлече и да помине време со своето семејство. Но, и покрај тоа тој има план за напад на Волкановски, кој доминираше во перо категорија по освојувањето на титулата во 2019 година.
„Зборував со Волкановски неодамна и му кажав: ‘Сите те знаат по ударите, но кога последен пат си нокаутирал некого’. Можам да бидам агресивен против него без да се грижам за нокаут. Сонот е јас да го нокаутирам, а сигурно ќе биде готово во втората или треата рунда. Навикнат сум публиката да биде против мене, тоа не ништо ново. Можеби не во Абу Даби, но на други места секогаш сум се соочувал со непријателска публика. Се надевам дека еден ден ќе имаме УФЦ во Русија, бидејќи луѓето таму се луди по ММА борбите“, вели Махачев.