Серена Вилијамс и Марија Шарапова има голем број на тениски битки во нивните успешни кариери (во кои многу повеќе победуваше Американката), но сега неочекувано двете станаа блиски пријателки, откако двете станаа мајки.
„Таа сега ми е најдобрата пријателка. Извини, Каролине Вознијацки. Таа е првата на која и се јавувам за да зборувам за дневните работи оиги правам. Мајчинството навистина не зближи“, вели Вилијамс.
Неодамна и Шарапова зборуваше за Серена и нејзината сестра Венус.
„Бев сведок како Венус Вилијамс се бори за еднакви пари во женскиот тенис на секоја нејзина прес-конференција. Тоа мора да се признае. Серена заслужи да добие такво испраќање на таква сцена. Таа го крена тенисот и си замина како фајтер, како што правеше во текот на целата кариера – со напорна работа, но и со грациозност“, изјави Шарапова.
Ривалството е во минатото – Серена и Шарапова сега се пријателки