Кошаркарот на Монако Мајк Џејмс влезе во историјата на Евролигата на натпреварот против Црвена звезда во елитното натпреварување.
Џејмс стана играчот со најмногу поени во историјата на континенталното натпреварување.
Натпреварот помеѓу Монако и Црвена звезда беше прекинат за момент, за да се изврши церемонијата.
Американецот на вечната листа на стрелци го престигна легендарниот Грк Василис Спанулис кој во кариерата постигна 4.455 поени.
Мајк пред дуелот со Звезда беше на висина од 4.4444 поени, за да стигне до тој подвиг му требаа само 12, а тоа го направи во 3.38 до полувремето. Откако го постигна својот 13-ти поен.
Нему му беше доделена топка со која постигна 4.457 поен. Натпреварот накратко беше прекинат поради церемонијата.