Легендарниот тешкаш Мајк Тајсон во интересно интервју открива дека додека бил во затвор имал само една, единствена тепаќла.
„Челичниот“ беше осуден на шест години затвор во 1992 година поради силување, но беше пуштен по три години во 1995 година.
„Само еднаш морав да удрам некого во затвор. Некој кажа нешто и само му пријдов и го удрив. Бевме во затворен простор долго време и тој едноставно кажа нешто што ме иритираше и морав да го удрам. Бев во мизерно расположение, бидејќи некој беше избоден претходно и бевме затворени “, изјави 53-годишниот Тајсон.
Додека беше во затвор, Тајсон добиваше посети од повеќе славни лица, вклучувајќи ја рап-иконата Тупак Шакур.
„Чуварите не го сакаа Тупак, додека другите затвореници почнаа да се бунат и имаше опасност по безбедноста. Тој беше енергичен. Сите го знаеја, сите го почитуваа“, открива Тајсон.
Тој беше во затвор за силување на Дезири Вошингтон, иако постојано тврдеше дека е невин и дека едноставно имале консензуален секс.
„Знаев дека сум невин, знаев од судската процедура дека немаат докази, но исто така знаев дека ќе бидам осуден. Го познавав менталитетот“, додава Тајсон.