Top Sport

Македонија остана во третата Дејвис куп група

Дејвис куп репрезентацијата на Македонија обезбеди опстано во Третата група од ова натпреварување. Македонските тенисери дојдоа до предност од 2:0 против Лихтенштајн и ги разрешија дилемите.

Берк Бугариќ за само 49 минути во два сета со 6:2, 6:0 го совлада Ерик Пепард. Во вториот дуел Обрад Марковски го победи Андреј Спасоевиќ со 6:0, 6:2. Третиот меч во игра на двојки немаше значење околу победникот.

Scroll to Top