Top Sport

Македонија подобра од Малта по триумфот во двојки

Калин Ивановски и Берк Бугариќ по нешто повеќе од два часа игра стигнаа до 6:4/6:4 победа над Алекс Дегабриеле и Лајам Деликата, за Македонија да го почна настапот во Групата 3 во Дејвис купот со 2:1 победа над Малта.

Претходно, Дегабриеле го победи Обрад Марковски во три сета, по што Ивановски во два сета беше подобар од Деликата.

На турнирот кој се одржува на Кипар, Македонија е во втората група со домаќинот Кипар и Молдавија, а од седум репрезентации две ќе се преселат во европската Група 2. Следен противник на македонската репрезентација е Молдавија, кој со 2:0 го совлада Кипар.

Фото: МТФ

Scroll to Top