Top Sport

Настасе: 14-те Ролан Гароси на Надал се повредни од 23-те гренд слема на Ѓоковиќ

Откако Новак Ѓоковиќ во неделата ја освои својата 23. гренд слем титула во кариерата на Ролан Гарос, така одвојувајќи се од Рафаел Надал, главна тема во светот на тенисот е тоа кој е најдобар играч на сите времиња, со Србинот и Шпанецот во главна улога, иако за некои тоа останува Роџер Федерер.

76-годишната легенда на романскиот тенис, Илие Настасе влезе во дискусијаата.

„Не верувам дека се работи за лична борба помеѓу Ѓоковиќ и Надал. Можеше да биде и обратно, Надал да има 23 гренд слема. Двајцата се блиску еден до друг, но на Ѓоковиќ тоа очигледно повеќе му значи и не верувам дека Надал е љубоморен. Мислам дека другите треба да му завидуваат на Надал. Тоа што тој 14 пати го освои Ролан Гарос е потешко од тоа што Ѓоковиќ освои 23 гренд слема. Да се победи 14 пати на земја на Ролан Гарос? Нема да се роди тенисер кој ќе го повтори тоа“, вели Настасе, кој во кариерата освои два гренд слема (САД опен и Ролан Гарос) и беше првиот тенисер кој беше број 1 на компјутерската АТП листа.

Scroll to Top